Sony Xperia E1 - Споделување и управување со фотографии и видеа

background image

Споделување и управување со фотографии и видеа

Може да споделувате фотографии и видеа што се зачувани на вашиот уред. Може и да
управувате со нив на различни начини. На пример, може да работите со фотографиите во групи,
да бришете фотографии и да ги поврзувате со контактите.

Може нема да можете да копирате, испраќате или да пренесувате објекти заштитени со
авторски права. Исто така, некои објекти може да не се испратат доколку датотеката е
преголема.

Споделување фотографија или видео

1

Во албумот, најдете ги и допрете ги фотографијата или видеото што сакате да ги
споделите.

2

Допрете го екранот за да се прикаже алатникот, потоа допрете .

3

Допрете ја апликацијата што сакате да ја користите за споделување на фотографијата, па
следете ги чекорите за испраќање.

Користење фотографии како слики за контакти

1

Кога прегледувате фотографија, допрете го екранот за да се прикаже алатникот, па
допрете > Користи како > Контакт фотографија.

2

Доколку се побара, одберете Контакти > Само еднаш, а потоа одберете контакт.

Користење фотографија како заднина

1

Кога прегледувате фотографија, допрете го екранот за да се прикаже алатникот, па
допрете > Користи како > Заднина.

2

Следете ги упатствата на екранот.

Ротирање фотографија

1

Кога прегледувате фотографија, допрете го екранот за да се прикаже алатникот, па
допрете .

2

Одберете Ротирај. Фотографијата е зачувана во новата ориентација.

Бришење фотографија или видео

1

Кога прегледувате фотографија, допрете го екранот за да се прикаже алатникот, па
допрете .

2

Допрете Избриши.

80

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Работење со групи на фотографии или видеа во албумот

1

Кога прегледувате мали слики од фотографии и видеа во албумот, допрете , па допрете
Одбери објекти.

2

Допрете ги објектите со коишто сакате да работите. Одбраните објекти се означени со сина
рамка.

3

Користете ги алатките од алатникот за да работите со одбраните објекти.

Режимот на одбирање можете да го активирате и така што ќе го допрете и држите
објектот додека неговата рамка не стане сина. Потоа можете да допрете други објекти за
да ги одберете.