Статус и известувања
Иконите на лентата за статус ве информираат за нови настани како што се нови пораки и
известувања од календарот, активностите што се во тек, како што е преземањето на датотеки и
информациите за статус како што е нивото на батеријата и јачината на сигналот. Може да ја
повлечете надолу лентата за статус за да го отворите паното за известување и ракувате со своите
известувања.
Одбирање системски икони за прикажување во лентата за статус
1
Од почетниот екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Персонализација > Икони на лентата за
статус.
3
Одберете ги иконите што сакате да се прикажат.
Отворање или затворање на паното за известување
19
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Избирање апликации на коишто им е дозволено да испраќаат известувања
1
Од почетниот екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Персонализација > Управување со
известувањата.
3
Изберете ги апликациите на коишто им е дозволено да испраќаат известувања.
Дејствување на известувањето
•
Допрете го известувањето.
Исклучување на известување од паното за известување
•
Поставете го прстот на известување и потчукнете лево или десно.
Бришење на сите исвестувања од паното за известување
•
Допрете Изб..
Светло за известување
Светлото за известување ве информира за статусот на батеријата и за некои други настани. На
пример, трепкачкото бело светло значи дека има нова порака или пропуштен повик.