Sony Xperia E1 - Преглед на апликации

background image

Преглед на апликации

Користете ја апликацијата Аларм и часовник за да поставите разни аларми.

Користете го веб-пребарувачот за да се движите низ веб-страниците и да ги гледате, за
да управувате со обележувачи и да управувате со текстови и слики.

Користете ја апликацијата Калкулатор за извршување на основни пресметки.

Користете ја апликацијата Календар за да ги следите настаните и да управувате со
состаноците.

Користете ја камерата за да правите фотографии и да снимате видео клипови.

21

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Користете ја апликацијата Контакти за да управувате со телефонските броеви, адресите
за е-пошта и другите информации за контактите.

Пристапувајте до преземените апликации.

Користете ја апликацијата Е-пошта за да испраќате и примате е-пошта на приватните и
корпоративните сметки.

Користете ја апликацијата Facebook™ за социјално мрежно поврзување со пријателите,
семејството и колегите ширум светот.

Пребарувајте и слушајте FM радиостаници.

Користете ја апликацијата Албум за прегледување и работа со фотографиите и видеата.

Користете ја апликацијата Gmail™ за да читате, пишувате и организирате е-пораки.

Барајте информации во уредот и на веб.

Гледајте ја својата тековна локација, наоѓајте други локации и пресметувајте маршрути со
помош на Google Maps™.

Одете во Google Play™ за да преземате бесплатни апликации и апликации што треба да
се платат за својот уред.

Користете ја апликацијата Пораки за да испраќате и примате текстуални и
мултимедијални пораки.

Користете ја апликацијата Филмови за да репродуцирате видеа на уредот и да
споделувате содржини со пријателите.

Користете ја апликацијата „WALKMAN“ за да организирате и репродуцирате музика,
аудио книги и поткасти.

Гледајте вести и временски прогнози.

Правете повици со рачно избирање на бројот или со помош на функцијата за паметно
бирање.

Оптимизирајте ги поставките според сопствените потреби.

Користете ја апликацијата Hangouts™ за да разговарате со пријателите преку интернет.

Идентификувајте ги песните што ги слушате во својата околина и добивајте информации
за изведувачот, албумот и друго.

Користете го YouTube™ за да споделувате и гледате видеа од целиот свет.

Користете ја апликацијата Поддршка за да пристапите до поддршката за корисниците во
уредот. На пример, можете да пристапите до Упатство за корисникот, информации за
решавање проблеми, како и до совети и трикови.

Преземајте и инсталирајте нови апликации и ажурирања.

Некои апликации не се поддржани од сите мрежи и/или обезбедувачи на услуги во сите
области.

22

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.