Sony Xperia E1 - Управување со батерии и енергија

background image

Управување со батерии и енергија

Можете да ја следите потрошувачката на вашата батерија и да видите кои апликации трошат
најмногу енергија. Исто така можете да прегледате колку време ви останува пред да се истроши
батеријата. Проценетото време на батеријата се заснова на вашата најскорешна шема на
користење.+
За да направите батеријата да трае подолго, можете да користите еден или повеќе режими за
штедење на батериајта, меѓу кои спаѓаат и STAMINA-режим, режим на батерија при крај, Wi-Fi®
базиран на локација, и режим на ставање на податоци во заднина на ред за чекање. Секој режим
работи на различен начин и контролира неколку функции кои трошат енергија во вашиот уред.

За да прегледате кои апликации најмногу ја трошат батеријата

1

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Управување со енергијата >
Користење на батеријата.

Прикажување на проценетото време на батеријата

1

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Управување со енергијата.

Зголемување на времетраењето на батеријата со помош на
режимот STAMINA

Режимот STAMINA ги исклучува функциите што не ви се потребни кога уредот не е во употреба.
На пример, режимот STAMINA може да ја паузира вашата Wi-Fi® конекција, сообраќај на податоци
и неколку апликации што трошат енергија, кога уредот се напојува, но екранот е неактивен. На
овој начин ја штедите батеријата, а сепак да примате телефонски повици, текстуални и
мултимедијални пораки како што доаѓаат.Исто така можете да исклучите одредени индивидуални
апликации да бидат ставени на пауза од режимот STAMINA. Откако ќе го активирате екранот,
паузираните функции повторно се активираат.

Активирање на режимот STAMINA

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Пронајдете и допрете го Поставки > Управување со енергијата.

3

Повлечете го лизгачот покрај STAMINA-режим надесно, па допрете Активирај ако
се побара. Штом батеријата ќе го достигне поставеното ниво, во лентата за статус ќе се
појави .

За да одберете кои апликации ќе работат во STAMINA-режим

1

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Пронајдете и допрете го Поставки > Управување со енергијата, потоа допрете го
STAMINA-

режим.

3

Додадете или отстранете апликации, по желба.

4

Кога ќе завршите, допрете Готово.

Зголемување на времетраењето на батеријата користење на
режим на Слаба батерија

Користете ја функцијата Режим на слаба батерија за автоматски да го вклучите штедењето
на енергија кога батеријата ќе достигне одредено ниво на полнење. Ова ниво на полнење можете
да го псотавите и повторно да ги приспособите според вашите желби. Исто така, можете да
одлучите кои функции ќе го одржувате активни, на пример, сообраќај на податоци на мобилен, Wi-
Fi® или автоматска синхронизација.

102

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Активирање режим за слаба батерија

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Управување со енергијата.

3

Повлечете го надесно лизгачот до Режим на слаба батерија.

4

Доколку се побара, допрете Активирај. Штом батеријата ќе го достигне поставеното
ниво за полнење, во лентата за статус ќе се појави .

Промена на поставките за режимот на слаба батерија

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Управување со енергијата.

3

Проверете дали Режим на слаба батерија е активирано и допрете Режим на
слаба батерија
.

4

Променете ги поставките, на пример, прилагодете го нивото на батеријата.

Подобрување на времето на користење на батеријата со помош на
Wi-Fi®

на локација

Опцијата Wi-Fi на локацијата го поставува уредот да го активира Wi-Fi® само кога ќе влезе
во опсег на сочувана Wi-Fi® мрежа. На тој начин ја штедите батеријата, но сепак ја имате
можноста за автоматско конектирање на Wi-Fi®.

За да ја активирате функцијата режим врз база на локација Wi-Fi®

1

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Управување со енергијата.

3

Повлечете го надесно лизгачот до Wi-Fi на локацијата.

Продолжување на времето на батеријата со ставање на
заднинските податоци на ред за чекање

Може да ги подобрите перформансите на батеријата така што ќе го поставите уредот да испраќа
заднински податоци во одредени интервали кога не го користите, односно кога екранот не е
активен.

За да овозможите ставање на податоци од позадина на ред на чекање

1

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Управување со енергијата.

3

Обележете го полето покрај Позад. податоци во низа.