Управување со датотеките со помош на компјутер
Поврзете го уредот со компјутер на Windows
®
со помош на USB-кабел за пренесување и
управување со своите датотеки. Откако ќе ги поврзете двата уреда, можете да влечете и спуштате
содржина меѓу уредот и компјутерот или меѓу внатрешната меморија на уредот и SD-картичката
користејќи го истражувачот на датотеки во компјутерот.
Ако имате персонален компјутер или Apple
®
Mac
®
компјутер, може да ја користите апликацијата
Xperia™ Companion за пристап до системот на датотеки на уредот.
89
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Безжично управување со датотеките со помош на компјутер
Може да пренесувате датотеки помеѓу уредот и други компатибилни уреди MTP, како на пример
компјутер, користејќи конекција Wi-Fi®. Пред поврзувањето, прво треба да ги поврзете двата
уреди.
Со цел да ја користите оваа функција, ви треба уред со вклучен Wi-Fi® што поддржува
префрлување медиуми, на пример, компјутер што користи Microsoft
®
Windows Vista
®
или
Windows
®
7.
Подготовка на уредот за безжично користење со компјутер
1
Проверете дали режимот на пренесување медиуми е вклучен во уредот. Обично е вклучен
стандардно.
2
Поврзете го уредот со компјутерот користејќи USB кабел.
3
Компјутер: Откако името на уредот ќе се појави на екранот, кликнете Конфигурација на
мрежа и следете ги инструкциите за да ги спарите компјутерот и уредот.
4
Кога ќе завршите со спарувањето, исклучете го USB кабелот од двата уреда.
Безжично поврзување со спарен уред
1
Проверете дали режимот на пренесување медиуми е вклучен во уредот. Обично е вклучен
стандардно.
2
Проверете дали функцијата Wi-Fi
®
е вклучена.
3
Од својот Почетен екран, допрете .
4
Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > USB врска.
5
Во Безжичен пренос на медиуми, одберете го спарениот уред со којшто сакате да
се поврзете.
6
Допрете Поврзи.
Исклучување спарен уред
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > USB врска.
3
Во Безжичен пренос на медиуми, одберете го спарениот уред којшто сакате да го
исклучите.
4
Допрете Дисконектирај.
Отстранување на спарениот уред
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > USB врска.
3
Одберете го спарениот уред што сакате да го отстраните.
4
Допрете Забор..