Sony Xperia E1 - Подобрување на излезниот звук

background image

Подобрување на излезниот звук

Може да го подобрите звукот на својот уред со рачно вклучување на индивидуалните звучни
поставки како што се Clear Phase™ и xLOUD™ или може да дозволите технологијатаа ClearAudio+
да го приспособи звукот автоматски. Може да го вклучите и динамичниот нормализатор за да се
минимизираат разликите во јачината меѓу датотеките од различни медиуми.

Користење на технологијата Clear Phase™

Користете ја технологијата Clear Phase™ од Sony за автоматско дотерување на квалитетот на
звукот од внатрешните звучници на уредот и добијте почист и поприроден звук.

Зголемување на квалитетот на звукот од звучникот со помош на Clear Phase™

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Звук > Звучни ефекти.

3

Ако е означено, отстранете ја ознаката ClearAudio+ од изборното поле.

4

Допрете го Подобрувања на звукот > Поставки.

5

Обележете го изборното поле Clear Phase™.

Активирањето на опцијата Clear Phase™нема влијание врз апликациите за гласовна
комуникација. На пример, нема промена во квалитетот на гласовен повик.

Користење на технологијата xLOUD™

Користете ја технологијата за филтрирање на звукот xLOUD™ од Sony за да ја зголемите јачината
на звукот од звучниците, без да го жртвувате квалитетот. Добијте подинамичен звук како што ги
слушате своите омилени песни.

Зголемување на јачината на звучниците со помош на xLOUD™

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Звук > Звучни ефекти.

3

Ако е означено, отстранете ја ознаката ClearAudio+ од изборното поле.

4

Допрете го Подобрувања на звукот > Поставки.

5

Обележете го изборното поле xLOUD™.

Активирањето на опцијата xLOUD™ нема влијание врз апликациите за гласовна
комуникација. На пример, нема промена во квалитетот на гласовен повик.

36

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.