Споделување музика
Споделување песни
1
Од почетниот екран на „WALKMAN“, пребарајте ја песната или албумот што сакате да ги
споделите.
2
Допрете го и држете го насловот на песната, а потоа допрете Сподели.
3
Одберете апликација од листата, потоа следете ги инструкциите на екранот.
На истиот начин можете да споделувате и албуми и листи со песни.
Споделување музика на Facebook™
Функцијата Музика на пријателите собира врски до музика содржини поврзани со музика коишто ги
имате споделено со пријателите на Facebook™.
Споделување и означување песна на Facebook™ со „ми се допаѓа“
1
Додека се репродуцира песната во апликацијата „WALKMAN“, допрете за да покажете
дека „Ви се допаѓа“ песната на Facebook™. Доколку сакате, додајте коментар во полето за
коментари.
2
Допрете го Сподели за да ја испратите песната на Facebook™. Ако песната е успешно
примена, ќе добиете порака со потврда од Facebook™.
Управување со музиката од вашите пријатели на Facebook™
1
Отворете го менито на почетниот екран на „WALKMAN“, па допрете Муз. од пријат. >
Неодамнешни.
2
Допрете објект со којшто сакате да работите.
3
Управувајте со објектот како што сакате. На пример, за да означите песна со "Ми се
допаѓа", допрете . За да коментирате за песната, додајте коментар во полето за
коментари.
Прикажување на што сте ја споделиле на Facebook™
1
Отворете го менито на почетниот екран на „WALKMAN“, па допрете Муз. од пријат. >
Мои споделув.
2
Лизгајте до објектот што сакате да го отворите, па допрете го. Се прикажуваат сите
коментари за објектот што сте ги објавиле на Facebook™, доколку ги има.