Sony Xperia E1 - Поставки на фотоапаратот

background image

Поставки на фотоапаратот

Прилагодување на поставките на фотоапаратот

1

Активирајте ја камерата.

2

За да се прикажат сите поставки, допрете .

3

Одберете ја поставката што сакате да ја прилагодите, потоа уредете ја по желба.

Преглед на поставките за фотоапаратот

Резолуција

Пред да фотографирате, одберете помеѓу неколку резолуции и размери на фотографии.
Фотографијата со повисока резолуција бара повеќе меморија.

74

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

3MP
2048×1536(4:3)
Резолуција од 3 мегапиксели со размер 4:3. Соодветно за фотографии што сакате да ги прикажете на екран без широк
приказ или да ги печатите во висока резолуција.

2MP
1920×1080(16:9)
Резолуција од 2 мегапиксели со размер 16:9. Соодветно за фотографии што сакате да ги прикажувате на широк екран.

1MP
1280×720(16:9)
Резолуција од 1 мегапиксели со размер 16:9. Соодветно за фотографии што сакате да ги прикажувате на широк екран.

WVGA
800×600(4:3)
Формат WVGA со размер 4:3. 800x600 пиксели.

ВГА
640×480(4:3)
Формат VGA со размер 4:3. 640x480 пиксели.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Автоматски тајмер

Со автоматскиот тајмер можете да фотографирате без да го држите уредот. Користете ја оваа
функција за да правите авто-портрети или групни фотографии каде сите може да бидат на
фотографијата. Можете исто така да го користите автоматскиот тајмер за да избегнете тресење на
камерата кога правите фотографии.

Вклучено (10 секунди)
Поставете одложување од 10 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот на
фотографирање.

Вклучено (2 секунди)
Поставете одложување од 2 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот на
фотографирање.

Исклучено
Фотографијата се прави веднаш штом ќе го допрете екранот на камерата.

Smile Shutter™

Пред да фотографирате, употребете ја функцијата Smile Shutter™ за да одредите на каков вид
насмевка реагира камерата.

Режим на фокусирање

Функцијата на фокусирање контролира кој дел од фотографијата треба да биде остар. Кога е
вклучен континуираниот автоматски фокус, камерата продолжува да го прилагодува фокусот, па
така областа во обоената рамка на фокусот останува остра.

Поединечен автом. фокус
Камерата автоматски се фокусира на одбраниот предмет. Вклучен е континуираниот автоматски фокус. Допрете го и
држете го екранот на камерата сѐ додека жолтата рамка на фокусот не стане сина, што означува дека фокусирањето е
поставено. Фотографијата се прави кога ќе го ослободите прстот.

Препознавање на лице
Камерата автоматски открива до пет човечки лица означени со рамки на екранот. Камерата автоматски се фокусира на
најблиското лице. Можете и да одберете кое лице да се фокусира со негово допирање на екранот. Кога ќе го допрете
екранот на камерата, сината рамка покажува кое лице е одбрано и е во фокусот. Препознавањето на лице не може да се
користи за сите типови на сцени. Вклучен е континуираниот автоматски фокус.

Фокус при допир
Допрете одредена област на екранот од камерата за да ја поставите областа на фокусот. Исклучен е континуираниот
автоматски фокус. Допрете го и држете го екранот на камерата сѐ додека жолтата рамка на фокусот не стане сина, што
означува дека фокусирањето е поставено. Фотографијата се прави кога ќе го ослободите прстот.

Следење на објект

75

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Доколку изберете предмет со допирање во пронаоѓачот на изглед, камерата ќе го следи за вас.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Премерување

Оваа функција автоматски одредува добро балансирана експозиција преку мерење на количината
на светлина што паѓа на сликата која сакате да ја направите.

Средно
Ја прилагодува експозицијата кон центарот на сликата.

Просечно
Ја пресметува експозицијата според количината на светлина што паѓа на целата слика.

Точка
Ја приспособува експозицијата во многу мал дел од сликате што сакате да ја направите.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Краток приказ

Може да изберете да прикажувате фотографии или видеа веднаш после снимањето.

Неограничено
Краткиот приказ на фотографијата или видеото се појавува после снимањето.

5

секунди

Краткиот приказ на фотографијата или видеото се појавува после снимањето и трае 5 секунди.

3

секунди

Краткиот приказ на фотографијата или видеото се појавува после снимањето и трае 3 секунди.

Уреди
Фотографијата или видеото се отвора за уредување после снимањето.

Исклучено
Фотографијата или видеото се зачувува после снимањето и не се појавува краток приказ.

Регистрирање на лице

Може да регистрирате лица со апликацијата Камера за пронаоѓачот на изглед автоматски да се
фокусира на тие лица кога ќе се појават во пронаоѓачот на изглед.

Блиц

Користете блиц за да фотографирате кога осветлувањето е слабо или кога постои заднинско
осветлување. Следните опции се достапни при допир на иконата блиц на екранот на камерата:

Автоматски
Камерата автоматски одредува дали осветлувањето бара користење на блиц.

Вклучен блиц
Користете ја оваа поставка кога позадината е посветла од предметот. Ова ги отстранува несаканите темни сенки.

Нам. на ефек. црвени очи
Ја намалува црвената боја на очите при фотографирање.

Исклучено
Блицот е исклучен. Понекогаш квалитетот на фотографијата може да биде подобар без блиц, дури и ако
осветлувањето е слабо. Правењето добра фотографија без да се користи блицот бара мирна рака. Користете
автотајмер за да избегнете замаглени фотографии.

Факел
При сликањето се вклучува светилка.

76

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.