Sony Xperia E1 - Споделување на поврзувањето со мобилни податоци

background image

Споделување на поврзувањето со мобилни податоци

Може да ја споделите мобилната конекција за податоци на својот уред со еден компјутер со
користење на USB кабел. Овој процес се нарекува USB поврзување на компјутер на интернет.
Може и да ја споделите податочната конекција на уредот со најмногу осум уреди одеднаш, со
претворање на уредот во преносно „жешко“ место Wi-Fi®. При успешно споделување на
конекцијата со мобилни податоци, уредите со коишто споделувате може да ја користат конекцијата
за податоци, на пример, за да сурфаат на интернет, да преземаат апликации или да испраќаат и
примаат е-пошта.

Може да биде потребно да го подготвите вашиот компјутер за воспоставување на
мрежна конекција преку USB кабел. Одете до www.android.com/tether за да ги добиете
најновите информации.

Споделување на конекцијата за податоци користејќи USB кабел

1

Деактивирајте ги сите конекции на USB кабли во уредот.

2

Користејќи го USB кабелот што доаѓа со вашиот уред, поврзете го уредот со компјутер.

3

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

4

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе… > Повр. на инт. и преносл.
жеш. место
.

5

Обележете го полето за избирање USB-врзување, а потоа допрете ОК ако бидете
потсетени. Се прикажува на лентата за статус штом ќе се поврзете.

6

За да престанете со споделување на конекцијата за податоци, отстранете ја ознаката од
полето за избирање USB-врзување или исклучете го USB кабелот.

Не може истовремено да ги споделувате конекцијата за податоци од вашиот уред и SD
картичката преку USB кабел.

Користење на уредот како преносно Wi-Fi® „жешко“ место

1

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе… > Повр. на инт. и преносл.
жеш. место
.

3

Допрете ги опциите Пост. за прен. Wi-Fi жешко место > Конфигурирај Wi-Fi

жешко“ место.

4

Внесете ги информациите за SSID на мрежата.

5

За да одберете вид на безбедност, допрете го полето Безбедност. Внесете лозинка, ако
е потребно.

6

Допрете ја опцијата Зачувај.

7

Допрете и обележете го полето за избор Портабл Wi-Fi „жешко“ место.

8

Ако бидете потсетени, допрете ОК за да потврдите. се појавуав во лентата за статус
откако ќе се активира преносливото Wi-Fi® "жешко" место.

9

Отстранете го обележувањето од полето за избор Портабл Wi-Fi „жешко“ место,
за да го прекинете споделувањето на својата конекција за податоци преку Wi-Fi®.

За промена на името или обезбедување на вашето преносно hotspot место

1

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе… > Повр. на инт. и преносл.
жеш. место
.

3

Допрете ги опциите Пост. за прен. Wi-Fi жешко место > Конфигурирај Wi-Fi

жешко“ место.

4

Внесете го SSID на мрежата за мрежата.

5

За да одберете вид на безбедност, допрете го полето Безбедност.

6

Внесете лозинка, ако е потребно.

7

Допрете ја опцијата Зачувај.

27

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.