Sony Xperia E1 - Гледање видеа во апликацијата Филмови

background image

Гледање видеа во апликацијата Филмови

Користете ја апликацијата Филмови за репродуцирање филмови и друга видеосодржина зачувана
или преземена на уредот. Апликацијата Филмови ви помага и да добиете постери, содржини,
информации за жанрот и детали за режисерот за секој филм. Можете да ги репродуцирате своите
филмови и на други уреди коишто се поврзани на истата мрежа.

Некои видеодатотеки можеби нема да се репродуцираат во апликацијата Филмови.

1

Приказ на опциите на менито

2

Влечете го левиот раб на екранот надесно за пребарување на сите преземени и зачувани видеа

3

Допрете за да ги репродуцирате зачуваните или преземените видео датотеки

Репродуцирање видео во Филмови

1

Од својот Почетен екран, допрете , потоа најдете и допрете Филмови.

2

Пронајдете го и допрете го видеото што сакате да се репродуцира. Доколку видеото не е
прикажано на екранот, влечете го левиот раб на екранот надесно за да го отворите менито
на почетниот екран на Филмови, потоа пронајдете го и допрете го видеото што сакате да се
репродуцира.

3

За да ги прикажете или скриете командите, допрете го екранот.

4

За да ја паузирате репродукцијата, допрете . За да ја продолжите репродукцијата,
допрете .

5

За премотување, повлечете го обележувачот на лентата за напредок налево. За брзо
премотување напред, повлечете го обележувачот на лентата за напредок надесно.

За изменување на поставки кај филмови

1

Од својот Почетен екран, допрете , потоа пронајдете и допрете Филмови.

2

Допрете : > Поставки, a потоа изменете ги поставките според посакуваното.

Менување на поставките за звукот додека се репродуцира видео

1

Додека се репродуцира видеото, допрете го екранот за да се прикажат контролите.

2

Допрете го , па допрете го Поставки на звукот.

3

Обележете ги полињата за поставките за звукот што сакате да ги активирате.

4

Кога ќе завршите, допрете ОК.

Споделување видеа

1

Кога се репродуцира видео, допрете го , па допрете го Сподели.

2

Во менито што се отвора, допрете ја апликацијата што сакате да ја користите за
споделување на одбраното видео, па следете ги потребните чекори за испраќање.

85

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.